Актерката Кејт Винслет донираше 17.000 фунти на самохрана мајка која се соочува со огромни сметки за енергија за да ја одржи својата ќерка во живот.
Нејзината ќерка Фреја (12) има тешка церебрална парализа и се потпира на кислород за хронични проблеми со дишењето.
Хантер рече дека била воодушевена кога ѕвездата од „Титаник“ интервенирала кога слушнала дека нивната борба се емитува на Би-би-си.
Винслет донирала 17.000 фунти на семејната страница „GoFundMe“, од каде ја контактирале и ѝ кажале дека актерката донирала пари за да и помогне.
– Кога слушнав за парите, само се расплакав. Мислев дека не е реално. Сè уште се мислам дали е ова реално? – изјавила мајката.
Имено, самохраната мајка и нејзината ќерка Фреја живеат во голема куќа која не е енергетски ефикасна, но во која има простор за опремата на Фреја.
Загревањето на домот моментално ги чини 6.500 фунти годишно, иако Хантер рече дека го исклучила греењето во повеќето соби за да заштеди пари.
Покрај церебралната парализа, Фреја се потпира и на кислород поради проблеми со дишењето, особено ноќе.