ХОРОСКОП ЗА 13-ТИ НОЕМВРИ: Лавовите се уморни од чекање, а Девиците се преоптоварени со љубовниот живот

popara13 ноември, 20221min00
9624aeb57ecee3c7fc5f9a2ebdb6d046fc69fa83

ОВЕН

Доколку вашата нервоза и напнатост ја пренесувате на партнерот, големи се шансите кризата да ја префрлите и во вашата околина. Со помош на член од семејството ќе го вратите оптимизмот, иако реалната ситуација сепак бара голема претпазливост.

БИК

Донесувате крај на многу заостанати работи со кои се мачите веќе некое време. Одредена одлука или судска пресуда ќе разреши замрсеност, по што влегувате во понатамошни преговори како полноправна преговарачка страна, достојна за почит.

БЛИЗНАЦИ

Доколку успеете да го започнете денот без одлагање и одолговлекување, може да ви се отворат интересни можности, особено ако вашата работа е поврзана со странски земји. Не вклучувајте пријатели во вашите напори, решете ги вашите проблеми сами.

РАК

Се трудите да ги завршите обврските кои амбициозно сте ги презеле на себе. Резултатите се неизвесни, но не ве напушта оптимизмот и чувството дека на крајот се ќе заврши на најдобар начин за вас. Вооружете се со трпение и пазете се од повреди.

ЛАВ

Уморни сте од чекање. Мислите дека ќе се смирите ако веднаш ги разрешите сите проблеми и сомнежи кои ве мачат веќе некое време. Не бидете нетрпеливи и избрзани, бидејќи грешките кои би можеле да ги направите денес би биле непоправливи во иднина.

ДЕВИЦА

Оптоварени сте со љубовниот живот. Саканата личност не може да го следи хаотичното темпо во кое западнавте во последно време. Поради недостаток на комуникација, можни се недоразбирања, кои доколку не ги решите навреме, ќе преминат во сериозен конфликт.

ВАГА

Опкружени сте со луѓе кои упорно ви кажуваат што и како да правите. Иако не сте побарале туѓо мислење, полека но сигурно почнувате да го прифаќате нивниот модел на однесување. Не ти е да размислуваш со туѓа глава, дистанцирај се на време.

ШКОРПИЈА

Премногу сте сериозни. Денот е совршен за да си дадете одмор, да избегате од работа и да поминете часови во друштво на пријатели кои не ве оптоваруваат со ништо. Работата нема да побегне, никој нема да забележи дека ве нема и ќе се вратите освежени.

СТРЕЛЕЦ

Вие сте мајстор во оптоварување со работа, но прашање е дали секоја ваша обврска е исплатлива. Поради преголема несигурност и болка, вие прифаќате на ваша штета се што се бара од вас, наместо да заземете јасен став и со тоа да се ослободите од притисокот.

ЈАРЕЦ

Од една страна имате луѓе над вас, а од друга страна оние кои се под вас и го чекаат вашиот потег, од кој зависи нивната судбина. За да им угодите на сите, треба правично да ги одмерите работите. Бидете одлучни, вашето чувство за правда ќе надвладее.

ВОДОЛИЈА

Фокусот е на семејните односи, без разлика дали се работи за вашето семејство или вашиот партнер. Пожртвуваноста е нешто што ве разликува, но овој пат не сте сигурни дали вашиот ангажман е неопходен. Слободното време повеќе би сакале да го поминете под ќебе.

РИБА

Имате можност да ги измазнете старите недоразбирања и да го освежите контактот со луѓето кои претходно сте ги елиминирале. Вашата убедливост носи добри резултати, но не претерувајте, бидејќи на тој начин ќе преземете и одговорност која не е ваша.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma