Топлите купки од млеко се најдобри за во зима. Дозволете си топла купка од млеко, кожата ќе ви биде мека и сјајна, ќе бидете релаксирани и ќе спиете како бебе.
Важно е да не ги правите овие купки кога сте најадени. Правете ги најмалку два часа по јадењето или на гладно. Толпата вода и пареата може да направат да се чувствувате лошо доколку сте јаделе.
Наполнете ја кадата со топла вода. Два литри млеко загрејте ги и во млекото ставете 400 гр мед. Измешајте убаво и смесата ставете ја во кадата полна со топла вода. Уживајте најмалку 30 минути. Потоа измијте се. Кожата ќе биде перфектна.