Имате сѐ што ви треба во вашата кујна: Природни производи кои ќе ги избришат темните кругови под очите

popara14 ноември, 20221min00
Screenshot_9

Подочниците се еден од најчестите проблеми кај девојките, а истите можат да настанат како резултат на бројни фактори. Веќе знаете дека кожата околу очите е значајно потенка од кожата на останатите делови од телото, па токму поради тоа знаците на умор најпрво се појавуваат таму. Покрај уморот, долгото работење на компјутер или малкуте часови спиење, подочниците можат да бидат резултат и на здравствени проблеми со срцето, бубрезите или црниот дроб. Во некои случаи, можат да бидат и резултат на генетика.

 

 

 

Постојат неколку прекрасни и здрави производи што ќе ви помогнат на природен начин, за кратко време барем малку да се решите од подочниците.

 

Свежа краставица

 

Крукчињата од свежи краставици многу брзо и ефикасно ќе го решат проблемот со подочници, па токму поради тоа се и една од омилените методи на девојките. Исечете крукчиња краставица и оставете ги половина час да стојат во ладилникот, па ставете ги на подочниците околу 15 минути. Краставицата ќе го намали отокот и ќе ја освежи кожата.

 

Сок од лимон

 

Исцедете малку сок од лимон и оставете го во ладилник да се излади. На памукче капнете неколку капки од сокот и оставете да стои на подочниците 10- до 15 минути, само внимавајте на очите. Откако ќе ги извадите памукчињата, очите измијте ги со млака вода. Лимонот содржи витамин Ц кој е многу корисен за отстранување на темните кругови под очите и е составен дел од многу креми кои се користат за овој проблем.

 

Компир

 

Како и краставицата и компирот е еден од омилените производи за решавање на овој проблем. Оставете го да стои во ладилник околу 15 минути и потоа исечете го на тенки крукчиња, па ставате го на очите и оставете да делува 20 – тина минути. Оваа метода се покажала како одлична кај надуените подочници, бидејќи отокот се намалува речиси веднаш.

 

Ладна лажица

 

Иако не станува збор за некоја состојка, ладната лажица може многу брзо и ефикасно да ви помогне да се решите од подочниците. Оставете ја малку во ладилник и извадете ја кога ќе биде речиси замрзната. Ставете ја на очите и држете ја неколку минути. Оваа метода е многу ефикасна, но доколку ви смета ладното ви препорачуваме да не ја применувате.

 

Домати

 

Измешајте една лажица сок од домати и сок од лимон. Добиената смеса нанесете ја на подрачјето на подочниците и оставете да делува 10 минути. Оваа метода е многу ефикасна со оглед на тоа што доматите имаат својства што значајно можат да ви ја осветлат кожата.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma