НОКТИТЕ ПОСТОЈАНО ВИ ПУКААТ? Испробајте го „nail slugging“ методот кој го освои Тикток, а состојките веќе ги имате дома

popara14 ноември, 20221min00
Hailey-Bieber (1)

Веројатно сте слушнале за ‘slugging’ – огромен тренд кога станува збор за нега на кожата. Станува збор за нанесување густ производ, обично вазелин, преку производот за нега навечер за да постигнете подлабока хидратација, пишува Allure.

На TikTok сите зборуваат за овој тренд, па не е изненадување што корисниците најдоа друга примена – на нивните нокти. Посебно внимание привлече кај оние кои имаат проблем со слаби и кршливи нокти и болни кутикули.

Кога ќе внесете #nailslugging во пребарувачот на TikTok, ќе видите дека многу корисници го започнуваат третманот со нанесување масло за нега што го тријат во ноктите, а потоа подебел мелем или вазелин.

Овој метод на нега на ноктите го одобруваат и експертите кои велат дека таквиот третман може да помогне доколку сакате долгорочно да го спречите стареењето на рацете, да добиете поцврсти нокти и поздрави кутикули.

„Улогата на кутикулата е да спречи нечистотија и бактерии да навлезат во коренот на ноктот и да предизвикаат инфекција. Кога е сува, таа е склона кон пукање, што ја загрозува заштитната бариера и ја зголемува можноста за бактериска или габична инфекција“, објаснила маникирката Бритни Бојс.

@jacquelinekilikita

Inspired by @💉 Dr Charles MD 💉 @lovefreshpaint @MyTrendyNails #beautyinatik #nailslugging #slugging

♬ Summer Love – Sole Sole

Некои дерматолози тврдат дека вазелинот е „лек за нашата кожна бариера“ и препорачуваат да се држите до производи без мирис и прочистени минерални масла. Други експерти советуваат да се користи крем за раце наместо вазелин, бидејќи тој не се апсорбира од кожата. „Остава леплива текстура. Претпочитам да користам масло или крем што ќе ми се впие во кожата и не се пренесува на мојот телефон“, изјави Бојс.

Се препорачува да се прави slugging еднаш или двапати неделно, навечер, додека можете секојдневно да нанесувате производи за нега на кутикулите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma