Ријана во мај го дочека своето прво дете, а неколку месеци подоцна конечно е подготвена да зборува за родителството и тоа за неколку странски медиуми. Како изгледа животот како нова мајка и зошто не го објавија името на нивниот син или некоја фотографија, објасни таа во изјава за The Post, велејќи дека се уште не се подготвени.
Таа додаде дека нејзиниот претстоен настап на полувремето во Супер Боул е редок вид на проект на кој ќе се посвети и покрај тоа што ќе стане мајка.
-Ако ќе се разделам од моето дете, ќе се одвојам од него за нешто посебно. Ќе беше сега или никогаш за мене – рече таа гледајќи наназад на оваа чесна можност што ѝ беше дадена.
Таа раскажа за Vogue повеќе за тоа каков е нејзиниот живот сега.
– Нема многу рамнотежа. Но, сè е стимулативно. Сè пука во моментов. Возбудена сум. Ме прави супер мотивирана, супер енергична да правам нови работи, да создавам, а јас сум повторно во студио и сега ќе се вратиме на сцената за Супербоул. Просто е лудо што дури и се согласив на тоа, но го направив тоа и возбудена сум. Се разбира, да се биде мајка за прв пат е лудост. Тоа е убаво и епско, искрено.
Нејзиниот омилен дел од мајчинството е едноставен: „Неговата насмевка. Тој е најсреќното бебе“, рече таа.
– Без разлика што правите или што чувствувате, кога ќе ви се насмее, сè друго едноставно исчезнува. Тоа е најдоброто од се.
Во интервју за Entertainment Tonight, таа сподели повеќе детали за тоа како сега го започнува секој ден.
Што се однесува конкретно за нејзините омилени моменти, таа рече: „О Боже мој, наутро, кога ќе го видам неговото заспано лице. Бебињата се обидуваат да сфатат каде се. Тоа е најслаткото, тоа е мојот омилен дел од денот“.