Нова студија покажа нешто неверојатно
Една нова студија покажа дека јадењето „психобиотска диета“ не само што може да го намали стресот, туку и да ви помогне да спиете подобро…
Можеби сте свесни за фактот дека има храна која може да ви го расипе сонот. Има и намирници кои треба да ги избегнувате кога сте под стрес. Од друга страна, една нова студија покажа дека јадењето „психобиотска диета“ не само што може да го намали стресот, туку може и да ви помогне да спиете подобро.
Студијата од октомври 2022 година, објавена во списанието „Molecular Psychiatry“, опфатила 45 возрасни лица на возраст меѓу 18 и 59 години, кои вообичаено консумирале храна со малку влакна.
Истражувачите од „APC Microbiome Ireland“ на Универзитетскиот колеџ Корк ги поделиле учесниците во две групи на кои им било наложено да следат различни диети. Првата група се префрлила на диета која ја следела пирамидалната шема. Другата група била замолена да јаде „психобиотска диета“ која вклучувала голема количина на пребиотици и ферментирана храна. Д-р Џон Крајан, водечки автор на студијата, вели дека неговиот истражувачки тим ја измислил фразата „психобиотска диета“ за да се однесува на „интервенции насочени кон микробиоми кои го поддржуваат менталното здравје“.
На втората група и било посебно наложено да следи дневно мени кое вклучувало 2-3 порции ферментирана храна (како кисела зелка, кефир или туршија), 5-8 порции житарки и 6-8 порции овошје и зеленчук богати со пребиотски влакна (вклучувајќи јаболка, банани, зелка, праз и кромид). Исто така, од нив било побарано да јадат 3-4 порции мешунки секоја недела.
Резултатите покажале дека додека и двете групи забележале подобрување во квалитетот на сонот, учесниците кои се воделе по психобиотската диета исто така доживеале помал интензитет на стрес под кој можеби биле во тоа време.