Ако пиете лекови на овој начин, можете да го поништите нивниот ефект: Експертите предупредуваат на голема грешка

popara15 ноември, 20221min00
676 (2)

За да биде ефективно дејството на лекот, важно е да се пие на правилен начин. Во спротивно, си правите повеќе штета отколку корист.

Секој човек понекогаш, за жал, мора да пие некој лек. Сепак, ретко кој ќе ги прочита упатствата за одреден лек пред да започне со терапијата.

Повеќето луѓе мислат дека е доволно лекарот да препише колку пати на ден е потребно да се пие.

Од друга страна, дури и ако сте од оние луѓе кои го читаат секое упатство, веруваме дека веројатно ви се случило да испиете апче со првиот пијалок што ви дошол при рака.

Сепак, ова е голема грешка, бидејќи во некои случаи, ефектот на лекот може да се поништи на овој начин.

Се препорачува секогаш да ја пиете таблетата само со вода која била на собна температура, бидејќи кога лекот се зема во комбинација со ладен пијалок, потребно е долго време да се распадне. Ова може да потрае и до 40 минути, што значи дека дури и цревата може да не го апсорбираат лекот правилно.

Истражувачите и експертите предупредуваат дека не треба да го пиете лекот со други пијалоци како замена за вода.

Кафето, млекото или соковите дефинитивно го забавуваат разградувањето на пилулата, па избегнувајте ги што е можно повеќе, пишува „24 Seven“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma