Маска за лице од ориз за сјајна кожа и поубав тен – трик кој мора да го пробате!
Жените од источната култура со векови го користат оризот во служба на убавината – за нега на косата, лицето, кожата на телото… Маски за лице, купки, пилинг и природни серуми се направени од оризово млеко и брашно.
Оризот содржи антиоксиданси, витамин Е и Б витамини, оризанол, ферулинска киселина и многу минерали. Ви пренесуваме рецепт за маска во која главна улога има оризот, а за хидратација и детоксикација на кожата се ставаат уште две состојки – урда и куркума.
Оваа маска помага да се врати сјајот на кожата, да биде затегната и да има блескав тен, а еве како да ја подготвите:
Во блендер ставете две лажици ориз и мешајте додека не добиете прашок. Две лажици од добиениот прав измешајте ги со една лажичка урда (наместо урда може да се користи грчки јогурт) и одозгора додадете една лажичка куркума.
Во видеото подолу погледнете подетално како да ја направите и нанесете маската на вашето лице!
Напомена: Доколку имате чувствителна кожа, консултирајте се со дерматолог пред употреба!
@polymonika1 Rice Face Mask for glowing skin /Wrinkles free #facemask #beautytips #tips #rice #curd #turmeric #polymonika