Џесика Алба со право ја носи титулата на една од најдобро облечените дами во Холивуд
Познатата холивудска актерка Џесика Алба се појави на црвениот тепих на настанот „Baby2Baby Gala Ball“ кој традиционално се одржува во Лос Анџелес.
По тој повод најголемите ѕвезди на Холивуд прошетаа на црвениот тепих. И додека многу од нив носеа тесни фустани кои ги истакнуваа нивните атрибути, харизматичната актерка се одлучи за сосема неочекувана варијанта.
Џесика се одлучи за луксузен розов фустан со необични и досега речиси невидени тродимензионални цветови.
Како и другите актерки, така и Џесика беше во окото на модните критичари, кои беа на мислење дека ова „бајковито издание вреди да се спомене“.
Џесика ова издание го надополни со сребрена чанта, како и дијамантски обетки и нараквица.
Живи бои и разни нијанси на цвеќе го истакнаа нејзиниот исончан тен. Таа на овој настан дојде во придружба на нејзиниот сопруг Кеш Ворен, кој цела вечер не го тргаше погледот од саканата.
Двајца се долго време во брак и до ден денес не кријат дека се сакаат лудо.
На прекрасните фотографии од овој настан недостасуваа само нивните деца: Хонор (14), Хевен (11) и Хејс (4).