Со оваа кратка 7-дневна диета можете да стопите седум килограми, запазувајќи го ефикасниот режим со кафе. Условот е секој ден да пиете по 2-3 шољи кафе.
Кафето е најароматичниот и еден од најпопуларните пијалоци во светот. Освен тоа, кафето има многу придобивки за здравјето и убавината.
Пијалоците од кафе дејствуваат како акцелератор при размената на материите. Благодарение на тоа телото губи 200 калории.
Кафето е богато со вредни антиоксиданси и органски киселини, така што само една шоља кафе го снабдува организмот со потребното количество од витамин П.
Неспорно е и тонизирачкото и енергичното влијание на кафето врз човечкиот организам.
Диета со кафе: Пример на мени за еден ден
Диетата со кафе е многу лесна и пријатна, а при самото држење потребно е да се внесат 2 литри вода дневно. Кафето во оброците ќе го консумирате прво, а потоа ќе го изедете планираниот оброк.
Појадок: 1 шоља кафе и 1 парче печен леб.
Ручек: 1 шоља кафе и голема салата од различни видови зеленук, 1 парче пилешко месо и варено јајце.
Вечера: 1 шоља кафе, печено месо или риба, салата од зеленчук по желба или овошна салата.
Задолжително е кафето кое го консумирате да е свежо мелено, а не инстант. Тоа значи дека ќе ви биде потребно да си купите кафе во зрно и да го сомелете непосредно пред употребата. Лицата кои имаат проблем со несоница, не треба да го консумираат кафето во вечерниот оброк.
Во кафето не смеете дополнително да додавате шеќер, млеко или кремови за подобрување на вкусот.
Експертите потенцираат дека и покрај одличниот вкус на кафето, сепак треба да бидете претпазливи со неговата консумација, односно не се препорачани повеќе од 2-3 шољи на ден.
Прекумерната употреба на кофеин доведува до несоница, зависност, а во некои случаи е потврдено дека петтата шоља кафе создава халуцинации, па затоа не претерувајте во ова уживање. Кафето не е препорачан пијалок за лицата со хипертензија или оние кои страдаат од висок крвен притисок.