Адел ништо не остава на случајност: За заштита на гласот ќе го користи најдобриот можен воздух додека пее

popara16 ноември, 20221min00
f_26891227_1280

Музичката ѕвезда Адел, која го одложи својот концерт „Weekends with Adele“ во Колосеумот во Палатата Цезар во јануари, ќе се врати на сцената како дел од тримесечната серија концерти. Концертите ќе се одржат во Лас Вегас, а Адел има посебни барања за нив.

Имено, на Адел и е инсталиран комплексен систем кој ќе и го гарантира „најдобриот можен воздух“ додека пее.

„Сложени системи се инсталирани и претходно, но ова е навистина на ново ниво. Системот работи со комбинирање на одвлажнувачи, единици за прочистување, атомизирање на молекулите на водата и вентилатори за ладење во просторијата за подготовка и потоа насочување на воздухот околу сцената. Адел го добива најдобриот можен воздух да ѝ го заштити гласот“, изјавил неидентификуван извор за Мирор.

Ова не е изненадувачки бидејќи во 2011 година Адел ги оперирала гласните жици откако лекарите забележале крварење на нив. Според пишувањата на странските медиуми, Адел е „повеќе од подготвена“ за повторно да настапува и дека вежбала повеќе од 12 часа дневно.

image

“Адел едвај чека да ги започне концертите, таа е повеќе од подготвена. Таа го вложи срцето и душата на подготовките, вежбаше 12 часа дневно и секоја ситница е на своето место и усовршена. Во моментов таа само сака да побрза затоа што сега, кога сè е подготвено, чекањето е тешко, тоа е како одбројувањето до божиќното утро или слично. Вечерта на отворањето ќе биде епска прослава, сите нејзини најблиски ќе бидат таму!“, додаде изворот.

По изведувањето на сите закажани концерти, британскиот кантавтор планира да се запише на студии. „После Вегас, сакам да се занимавам со англиска литература. Да не успеав во пеење, мислам дека ќе бев професор по англиски јазик.Тоа е мојот план за 2025 година, само да стекнам квалификации“, откри пејачката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma