Јајцата се здрава и вкусна храна која може брзо да се подготви. Многу луѓе не можат да го замислат појадокот без јајца, а нивната предност е што може да се приготват на неколку начини. На вас е да изберете дали ќе јадете омлет, матени јајца, варени јајца, пржени јајца.
Доколку најмногу ви се допаѓаат јајцата на око, прочитајте го остатокот од текстот бидејќи имаме генијален кулинарски трик.
– Клучно е да се додаде вода во тавата додека се пржат јајцата – тврди готвачот Мајкл Скипионе, од „Food Network“.
Имено, како што вели, водата најмногу помага да не изгори од страните и да добиете совршена жолчка која е течна внатре.
Иако „најдобрите пржени јајца на око“ е многу индивидуална работа, односно не ни се допаѓа сите исто, да речеме дека златна средина е јајце пржено за да не пукне жолчката, а белката да не е изгорена.