Што јаде Џенифер Анистон штом ќе се разбуди? Овие намирници се задолжени за нејзината витка фигура

popara17 ноември, 20221min00
profimedia-0569696800-830x0

Изгледот на Џенифер Анистон инспирира многу жени. Сосема природна, секогаш фит, предизвикува чудење за тоа како се храни, какви вежби практикува, како успева?

Познатата актерка зборуваше за тоа како во минатото пробувала диети како онаа со грејпфрут, но сега се држи до поздрава и поодржлива исхрана, пренесува Insider.

-Кога ќе се разбудам пијам топла вода со лимон, а потоа имам шејк или авокадо и јајца, што ми е едно од омилените оброци – изјавила за „Ел“ во 2016 година.

За „Бон апетит“ таа ги прецизираше трите омилени појадок. Посебно место меѓу нив заземаат јајцата.

– Имам три различни. Понекогаш тоа е смути – банани, цреши, некој вид протеински прав, бадеми, какао во прав и разни други чудни антиоксидантни работи на кои не можам да се сетам – со бадемово млеко. Другпат тоа се јајцата – ги кршам во сад и додавам белка или две и сето тоа го истурам во тавата за да добиете повеќе протеини без премногу жолчка. Тоа го јадам со тост од авокадо прелиен со маслиново масло, сол и бибер. Друга опција е овесна каша со изматени белки пред крајот – изјавила Анистон.

Судејќи според нутритивните навики на ѕвездата од серијата „Пријатели“, добриот, хранлив оброк дава енергија и ја одржува добрата фигура.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma