Холивудскиот актер Метју Меконахи е еден од ретките кои успеа во себе да го избалансира физичкиот изглед, раскошниот талент за глума, но и високата интелигенција, па одредената посветеност, и на крај работата за подобрување на општеството воопшто – голем активист, сопственик на хуманитарна фондација, а во 2021 година прогласен е за филантроп на годината.
Жените го обожаваат, тој навистина изгледа феноменално, со оглед на тоа што го прослави 53. роденден. Годините некако му донесоа зрелост, како и за неговата мажественост и харизма, но големиот број жени родени во 80те и пред тоа се сеќаваат на Метју од младоста – тогаш навистина немаше конкуренција.
Актерот од неодамна и самиот се потсети на минатото, па на Инстаграм сподели стара фотографија на која позира потполно гол пред фрижидерот и со тегла кисели крставички во рацете.
Фотографијата може да ја погледнете ТУКА.
Прилично необична сцена, ќе се сложиме, а Метју оваа фотографија ја сподели за да го одбележи Светскиот ден на киселите крставички, 14.декември. Тој очигледно сакал да се пошегува на своја сметка, но кај жените ширум светот оваа фотографија и тоа како ја разбуди нивната фантазија и ги потсети на тоа колку холивудскиот шармер е навистина добар фраер.
Фотографијата е сепак, исечена така што најинтимните делови од телото не се гледаат, но е вредно за внимание. „Жешко“, „Би сакала јас да го фотографирав ова“, „Кој ја исече оваа фотографија, тоа ме вознемирува“, „Штета што не ја гледаме во целина“, „Како е овој привлечен човек“, „Кога ќе кажат дека човекот има нешто, помислувам на тебе“, беа само некои од коментарите.
Потсетуваме, Метју од 2012 година е во брак со манекенката и актерка Камила Алвеш, а парот има и три деца: Вида, Левија и Ливингстон. Тој е многу посветен на семејството и не ја пропушта приликата тоа да го нагласи.