Да се биде во можност со некого да се дели пријатна тишина е еден од знаците дека постои хемија… Ви откриваме уште пет сигурни знаци дека меѓу вас и вашиот партнер го има „она нешто“.
Тишината е пријатна
Сите сме воделе разговори, кои во одреден момент преминуваат во тишина, поради што често би паничеле дека на лицето спроти нас му е здодевно во нашето друштво. Но да се биде во можност со некого да се дели пријатна тишина е еден од знаците дека има хемија. Вие сте среќна што сте таму со него и знаете дека тоа чувство е обострано.
Се разбирате
Кога ќе кажете нешто, повеќето луѓе веднаш не би сфатиле, но тој точно знае за што зборувате. И обратно.
Допири
Едноставно е: кога ќе ве допре некој што не ви се допаѓа, вие сте сосема свесни за тоа и сакате да престане. Но кога ќе ве допре некој со кого чувствувате хемија, понекогаш тоа можеби нема ни да го забележите, бидејќи тие допири ќе ви изгледаат толку природни што нема причина за тоа да ве изненади.
Телепатија
Тоа е она чувство кога со само еден поглед, без зборови, можете да сфатите што мисли вашиот партнер, па соодветно на тоа се насмевнувате или правите друга мимика за да му покажете дека знаете што точно мисли.
Времето лета
Само со лицето со кое имате хемија часовите ви изгледаат како минути и имате чувство деко со него би можеле така засекогаш бидејќи секогаш ви е интересно. Кога и на дружењето ќе му дојде крај, едвај го чекате идното бидејќи тој ве усреќува и не сакате да бидете раздвоени.
Како да се знаете отсекогаш
Хемијата секако може да се развие со текот на времето, но таа главно се појавува штом запознаете некого. Ако со некого разговарате првпат, а чувстувате како веќе да го знаете, да, тоа е хемија.