
Седата коса може да ни го привлече вниманието на сериозни нутритивни недостатоци и да навестува идни болести. Дали знаевте дека постои начин да ја забавите појавата на седа коса и да ја вратите вашата природна боја?
Со оглед на тоа дека состојбата и изгледот на нашата коса покажуваат дали се храниме правилно и здраво, важно е да се има на ум дека прераното побелено влакно е многу повеќе од естетски проблем.
Прерано побелена коса може да укаже на нарушување на тироидната жлезда. Недостаток на витамини Б5, Б6 и Б12, потоа анемија. Недостатокот на овие витамини и минерали често се поврзува со слаба апсорпција поради проблеми кои произлегуваат од Кронова болест, прекумерен раст на бактериите во цревата.
Недостатокот на адекватен витамин А, цинк и бакар, исто така, може да создаде проблем, што доведува до слаб имунитет, ослабени врски на крвните садови и, во некои случаи, мозочен удар и болести на крвниот систем.

Редовното консумирање на свеж сок од млада пченична трева ни обезбедува многу придобивки, а една од нив е тоа што може да го забави растот на седата коса и да ја врати природната боја на веќе побелената коса.
Сокот од пченична трева е исто така одличен прочистувач на крвта, па помага во подмладување и регенерирање на нашата кожа.
Пченичната трева можете сами да ја засадите, но можете да ја купите и во продавниците за здрава храна во свежа или сушена форма.

Пијалок од пченична трева – рецепт:
30 мл сок од пченична трева
шолја сечкано овошје по избор
чаша сок од лимон
една лажица мед
малку вода
Наведените состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Пијте го ова два пати на ден и следете ја состојбата на бојата на вашата коса.