
Познатиот холивудски пар, Ева Мендез и Рајан Рослинг наводно тајно се венчале, а новата тетоважа која актерката ја направила на раката предизвика хаос на мрежите
Ева објави нова фотографија на која сите забележаа дека актерката направила нова тетоважа на која пишува „де Гослинг“.
Префиксот „де“ што се појавува на нејзината тетоважа пред презимето на нејзиниот сопруг, во шпанската култура се додава на жените кога ќе се венчаат и ќе го земат презимето на својот сопруг.
Рајан и Ева се запознаа на снимањето на филмот „The Place Beyond the Pines“ во 2011 година, во кој глумеја пар со мало дете. Сепак, страста од малите екрани ја пренесоа во реалниот живот и влегоа во врска. Парот доби и две деца – ќерките Есмералда Амада (8) и Амада Ли (6).

Тие го кријат својот приватен живот
Актерскиот пар љубоморно ги чува нивните животи од очите на јавноста, а медиумите пишуваа и дека долго откако Ева станала мајка, таа не сакала да излегува од дома и целосно ја запоставила својата актерска кариера.
– Она што луѓето не го знаат за мене е дека навистина уживам да сум дома. Наместо да се сликам на црвениот тепих, сакам да го поминувам времето со моите девојки – изјави тогаш таа, потврдувајќи дека одлучила да ја запостави кариерата поради семејството и воспитувањето на децата, иако таа тогаш беше на својот врв.

Ева за едно австралиско радио откри дека пред да се заљуби во Рајан, не ни размислувала за деца. Иако првото дете го родила на 40 години, а второто на 42 години, актерката открила дека децата целосно и го промениле животот и тоа на подобро.
– Родителството ми го промени животот. Мораше да се преживее. Тукушто излегувам од таа фаза на преживување, полека почнувам повторно да се чувствувам како личност која има свое јас – изјави таа пред две години во интервју за „Women’s Health“.

Не верувала во брак
Ева претходно изјави дека не верува во институцијата брак, односно дека тоа е старомоден концепт.
– Тоа е многу застарена, архаична креација. Браковите порано биле врзани за имот. Колку е тоа неромантично? Сопруг и сопруга се многу несекси зборови.
Ева потоа истакна дека и се допаѓаат постари парови кои не се во брак.
– Всушност мислам дека е многу секси кога си со некој на возраст од педесет или шеесет години и можеш да кажеш: Тоа е моето момче.