
Ема, Бен, децата на Фиби и уште неколку деца од серијата „Пријатели“ денеска се вистински, возрасни луѓе.
Серијата „Пријатели“ е прикажана во далечната 1994 година, а нема сомнеж дека и понатаму е омилена на многумина.
Авантурите на шесте пријатели Фиби, Рос, Рејчел, Моника, Чендлер и Џои ги насмејаа луѓето ширум светот, а верните фанови знаат дека во серијата се појавија и деца.
За повеќето од нив тоа беше еден од првите ангажмани, особено за малата Ема (ќерката на Рос и Рејчел), која всушност ја глумеа близначките Кали и Ноел Шелдон.
Покрај Ема, во серијата се појавија уште неколку деца, па имавме можност да ги видиме малите Бен (синот на Рос), Мекензи (девојчето од „опседнатата“ куќа), Сара (извидничката што продава колачиња ), тројката на Фиби, Френк Џуниор, Чендлер и Лесли, како и Овен (посвоениот син на пријателите на Фиби и Моника).
Еве како изгледаат тие деца денес:





