За добар вид: Вежби кои го чуваат здравјето на очите

popara19 ноември, 20221min00
642521_shutterstock-643278733_f

Го спречуваат развојот на болести

Читаме при слабо осветлување, постојано сме под стрес… Сето тоа влијае на видот и на влошување на здравјето. Ретинална атрофија, катаракта и глауком исто така може да се појават со возраста. Сите овие болести доведуваат до оштетување на видот. За да го спречиме развојот на очните болести, треба да правиме вежби за очи секој ден. Станува збор за вежби кои не само што го подобруваат видот, туку и благотворно делуваат на целото тело.

Заземете удобна положба, ставете ги рацете над очите и опуштете се. Длабоко вдишете и издишете 3-4 пати, дишете полека. Со секое издишување ослободете се од непотребните мисли во главата.Ова е еден вид местење за вежбите. Треба да се смирите, да се ослободите од оптоварувачките мисли.

Ставете три прста во шуплината над очните дупки. Најпрво масирајте со кружни движења, а потоа силно притиснете и нагло отпуштете. Потоа ставете ги прстите под отворот на оччите, масирајте со активни движења, па турнете и отпуштете.

Фатете го горниот очен капак со палецот и показалецот и движете го горе-долу десет пати. Правете сè полека.

Притиснете го коренот на носот со палецот и показалецот, т.е. работ на едното и на другото око. Бројте до 10 и потоа пуштете.