Музичарот Хари Стајлс (28) и актерката Оливија Вајлд (38) раскинаа по две години врска. Според медиумите, тие имале различни приоритети, а притисокот на јавноста бил преголем
– Се уште е на турнеја и сега заминува во странство. Таа е фокусирана на своите деца и нејзината работа во Лос Анџелес. Тоа беше многу пријателска одлука. И понатаму се многу блиски пријатели – изјави извор за People.
Пријател на парот додал дека тие „имаат различни животни приоритети во моментов“.
– Јавниот притисок тешко им падна. Имаа подеми и падови во текот на нивната врска – додаде тој.
Хари беше поврзуван со различни познати имиња, вклучувајќи ја и Тејлор Свифт, но факт е дека ова е најдолгата врска што ја имал.
– Хари не ја остави Оливија, или обратно. Ова е најдолгата врска што ја имал, па очигледно е дека имаат посебна поврзаност – рекол изворот.
Стајлс и Оливија работеа заедно на филмот „Don‘t Worry Darling“, а се шпекулираше дека дошло до кавга меѓу актерката и колешката Флоренс Пју, која исто така работеше со нив на филмот.
Медиумите пишуваа дека Оливија започнала врска со Хари уште додека била во брак со Џејсон Судејкис. Актерката има две деца од претходниот брак, ќерка и син.