Влажните марамчиња станаа задолжителен производ за чистење. И не е ни чудо, бидејќи изгледаат како поелегантна и почиста верзија на обична тоалетна хартија. Покрај тоа, луѓето имаат тенденција да веруваат дека методот на бришење со влажни марамчиња е потемелен, но експертите забележуваат дека оваа практика во хигиената не треба да се применува.
Британскиот весник „Гардијан“ ги прогласи за „најголеми негативци за 2015 година“. Иако звучи неверојатно, всушност е сосема оправдано. Хемикалиите кои се присутни во влажните марамчиња го отстрануваат горниот слој на кожата, па кожата лесно ги апсорбира алергените. На овој начин се создава погодна почва за алергии, а на тоа се особено чувствителни децата чија кожа има поголема моќ на апсорпција.
Тие можат да го затнат тоалетот
Влажните марамчиња првично се продавале како луксузна алтернатива на тоалетната хартија во 2005 година. Денес ги има насекаде: во тоалети во ресторани, лекарски ординации и други јавни места. Во Југоисточна Азија, влажните марамчиња се продаваат од фрижидери за да им дадат освежувачки ладен ефект.
Многу брендови продаваат влажни марамчиња за интимниот регион, но во 2013 година беше спроведена студија која покажа дека ниту еден од водечките брендови не може да го помине тестот. Експертите тврдат дека овие марамчиња често ги затнуваат воводните системи, завршуваат во реки и потоци, што навистина станува голем проблем.
Предизвикуваат бактериска нерамнотежа
Влажните марамчиња често се користат за бебиња, а луѓето мислат дека ако можат да се користат за деца, ќе бидат добри за возрасните. Ова е заблуда, бидејќи влажните марамчиња можат да предизвикаат погрешна рамнотежа помеѓу добрите и лошите бактерии во интимните области. Иван Голдстајн, хирург, ги повикува луѓето двапати да размислат пред да го користат овој метод за чистење. Тој објаснува дека, исто како и кожата на нашето лице, кожата на нашите интимни делови и нивната околна кожа е покриена со добри и лоши бактерии, кои заедно создаваат одредена рамнотежа.
– Ова е важно, бидејќи она што се случува кога користите влажни марамчиња за оваа намена е да ги избришете добрите бактерии и рамнотежата да стане проблем. Кога ќе се појави оваа нерамнотежа, може да бидете изложени на ризик од осип, габични или бактериски инфекции и иритација, објасни д-р Голдстајн.
Никој не размислува за влажноста
Уште еден проблем со овој метод на бришење е влагата, вели д-р Голдстајн. „Луѓето имаат тенденција да користат влажни марамчиња, а потоа веднаш се облекуваат, па она што се случува е дека влагата останува таму. Влагата едноставно се акумулира и предизвикува промена на бактериите и предизвикува иритација. Луѓето можат да добијат хемороиди и никој не се грижи за тоа “, рече хирургот.