Штом ќе се разбудите, веднаш ги триете очите? Лекарите објаснуваат зошто треба ВЕДНАШ да престанете со таа навика!

popara15 октомври, 20241min00
Woman waking up in bed

Сигурно во одреден момент сте имале потреба да ги триете очите. Причините можат да бидат различни, а најчесто луѓето тоа го прават наутро, веднаш штом ќе се разбудат, за да се опуштат.

Тоа е чудна навика, но на некои може да им помогне. Секојдневното „зјапање“ во телефонот или компјутерот е уште една причина поради која некои луѓе ги тријат очите.

Без оглед на причината, експертите велат дека тоа воопшто не е здраво.

– Кожата под очите е најтенка на телото – изјави медицинската сестра по пластична хирургија Тара Адашев.

И дерматологот д-р Нава Гринфилд се согласи и истакна дека ако го правите тоа повеќе од два пати на ден, тоа може да предизвика здравствени проблеми. Обично нешто го иритира окото, а луѓето посегнуваат малку да го тријат за да го запрат чешањето. Сувите очи се уште една причина.

– Иако триењето ќе го поттикне создавањето на солзи, подобро е да додадете неколку капки за очи и да го прескокнете честото триење – советува дерматологот Карин Гросман и додава дека во посериозен случај најдобро е да посетите офталмолог. Исто така, алергиите можат да бидат уште еден виновник.

Дерматолозите предлагаат да ги држите рацете подалеку од очите бидејќи триењето може сериозно да влијае на вашиот изглед, пред се на кожата на лицето, но и на вашето здравје. Оваа навидум безопасна навика може да предизвика:

– крвави очи
– темни кругови
– брчки
– оштетување на рожницата
– инфекција

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag