Десерт од соништата: Тарт од јагоди

popara2 декември, 20221min00
707161_shutterstock-270616904_f

Прсти да излижеш

Состојки:

За кората:

300 гр брашно

70 гр шеќер

120 гр путер

1 јајце

5-6 лажици ладна вода

1 прстофат сол

За филот:

1 кесичка шлаг

100 мл ладно млеко

50 гр шеќер во прав

3 лажици кисела павлака

100 гр мелени бисквити

3 лажици мед

400 гр јагоди

Подготовка:

Во сад измешајте ги брашното, шеќерот и солта. Додадете го омекнатиот маргарин и направете растресито тесто. Потоа додадете ладна вода и замесете.

Тестото втиснете го во калап за тарт или друга плитка тава и избоцкајте со вилушка. Печете на 180 степени 20 минути. Оладете.

Изматете го шлагот со млекото, додадете ги шеќерот и павлаката и изматете заедно. Во шлагот измешајте ги мелените бисквити со лажица.

Премачкајте ја кората, па одозгора наредете ги јагодите. Ставете мед преку јагодите и украсете го тартот со листови нане.