
Кејт Мидлтон е позната по своите комбинации кои го одземаат здивот, но освен што се грижи за стилот, се грижи и за кожата и користи шминка која само ќе ја зголеми нејзината убавина.
Познатата шминкерка Сафрон Хјугис истакна дека Кејт Мидлтон не следи трендови, туку користи безвременска и класична шминка со која го одржува младешкиот изглед.
Според неа, ова се трите правила кои Кејт ги користи при секое шминкање:

1. Руменило на вистинското место
Сафрон смета дека Кејт не користи руменила во прав, туку оние кои се во форма на крем.
– Ваквите креми ги заменуваат пудрите и ја прават кожата да изгледа како да блеска одвнатре, а ги истакнуваат убавите црти на лицето – вели таа и додава дека овој трик дава впечаток на поголеми јаболчници.
Таа вели и дека Кејт не користи мат подлоги и пудри, бидејќи тие прават кожата да изгледа постара.

2. Подебели веѓи
– Нејзините подебели веѓи го следат нивниот природен лак и се многу униформни, што значи дека се или ламинирани или фиксирани со гел – убедена е шминкерката.
3. Ги нагласува очите со сенка
Шминкерите велат дека како што старееме, треба да избегнуваме да ставаме молив на горните и долните капаци, бидејќи на тој начин создаваме илузија на помали очи.
– Кејт тоа многу добро го знае, па на третина од очниот капак секогаш става мека кафена сенка, бидејќи така го „отвара“ окото. Моливот го става и на надворешниот дел од очниот капак, односно некаде на третиот дел од линијата на трепките, со што се добива впечаток дека е наспана и свежа. Нејзините горни очни капаци често се украсени со природна кафена боја и подебел, поизразен црн гел ајлајнер – заклучува шминкерката Хугис, а пренесува The Sun.
