Појавата на брчки на лицето е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат жените. Често ги поврзуваме со стареење, но исхраната и начинот на живот исто така можат да придонесат за процесот на формирање на брчки.
Има многу намирници кои ги консумираме секојдневно, а кои можат да влијаат на појавата на брчките, како и на квалитетот на кожата и самото тело. Еден од потенцијалните непријатели на нашата кожа и тело може да биде шеќерот. Познато е дека шеќерот предизвикува зголемување на телесната тежина, а исто така може да игра важна улога во процесот на стареење на кожата.
Шеќерот, заедно со друга храна која е богата со јаглени хидрати, може да придонесе за воспаление на кожата, како и за процес наречен гликација. Создава молекули кои се врзуваат за колаген и еластин, што ги ослабува.
Познато е дека белиот леб, тестенините и разните печива содржат јаглехидрати и шеќери, а треба да се консумираат во умерени количини.
Ако сакате да го забавите процесот на стареење, треба да го исклучите шеќерот во секоја смисла на зборот од вашата исхрана, се вели во извештајот на Фредерик Брант, еден од најпознатите дерматолози во САД.