
Нутриционистот Сима Кана истакна дека луѓето со крвна група АБ+ или АБ- најтешко слабеат, додека оние со 0+ или Б+ навистина имаат среќа бидејќи воопшто не се дебелеат.
Ако сте меѓу оние за кои слабеењето е речиси невозможна мисија, можеби една од причините лежи во вашата крвна група.
Нутриционистот Сима Кана изјави за „TOI“ дека луѓето со крвна група АБ+ или АБ- најтешко губат тежина, додека оние со 0+ или Б+ се среќници – тие најлесно слабеат, а најтешко дебелеат бидејќи имаат повисок базален метаболизам (BRM) во однос на сите други.
– Кога станува збор за оние со крвна група А, дали лесно ќе се здебелат или не зависи од генетиката – изјави д-р Кана.
Диетата според крвна група беше создадена и популаризирана пред околу две децении од научникот Питер Џеј Д’Адамо. Тој тврди дека сите намирници приспособени на вашата крвна група побрзо се варат, но и ве прават да имате повеќе енергија и спречувате бројни заболувања, а само така можете да ја постигнете идеалната тежина.
Д’Адамо нагласува дека покрај диетата, и начинот на вежбање, дури и зачините, треба да ги прилагодите на вашата крвна група. Во следните редови накратко дознајте како треба да изгледа исхраната на секоја крвна група.

Крвна група 0
Треба да јадете храна богата со протеини и многу зеленчук, а да го ограничите внесот на грав, мешунки и житарки. Се советува да избегнувате млечни производи, пченка и пченица доколку сакате да ослабете, а да јадете што повеќе брокула, спанаќ, морски плодови, црвено месо и маслиново масло.
Крвна група А
Се советува да избегнувате месо и да изберете овошје, зеленчук, тофу сирење, мисирка, цели зрна и морска храна. Ако сакате да изгубите тежина, јадете повеќе ананас, маслиново масло, морска храна, зеленчук и соја, а избегнувајте млечни производи, пченица, пченка, грав…

Крвна група Б
Одлучете се за разновидна исхрана која вклучува месо, овошје, морски плодови, млечни производи, житарки… За слабеење збогатете ја исхраната со зелен зеленчук и јајца, а избегнувајте пилешко, пченица и кикирики.
Крвна група АБ
Фокусот на исхраната треба да биде на јагнешкото месо, рибата, овошјето, зеленчукот, млечните производи и житарките. Ако сакате да изгубите тежина, јадете повеќе зелен зеленчук, морска храна и тофу сирење, а избегнувајте грав, хељда, пченка и пилешко.