
Собните растенија ќе изгледаат поубаво и побујно ако во водата за наводнување и прскање на листовите додадете состојка што сигурно ја имате во домот.
Иако собните цвеќиња не бараат посебна грижа во текот на зимата, неопходно е да им се обезбеди доволно количество светлина, вода и хранливи материи за да напредуваат.
За дополнителна заштита, зајакнување и поинтензивна боја на листовите, се повеќе се препорачува да се користи течноста која нашите баби ја користеле за негување на билките – комбинација од вода и обично млеко.
За наводнување треба да измешате две третини млеко и една третина вода. Наводнувајте ги растенијата со оваа течност еднаш на секои две до три недели. Клучот е да не се претерува, за да не изгние коренот и растението да умре.
За дополнителна убавина на листовите, намачкајте ги со течност направена од млеко и вода во еднакви размери. Можете да ги прскате листовите еднаш на секои седум до десет дена со помош на шише со распрскувач.
Исто така, внимавајте да не претерувате, бидејќи во тој случај млечната маст може да се насобира на листовите и да шири непријатен мирис.
Зошто млекото е добро за домашните растенија?
Млекото содржи калциум, кој е неопходен за раст и развој. Недостатокот на калциум значи дека растенијата никогаш не го достигнуваат својот целосен потенцијал во однос на растот.
Кога ќе го добијат овој важен минерал преку корените и листовите, растенијата ќе добијат и доволно хранливи материи кои го поттикнуваат развојот, растот и поинтензивната боја на листовите.