
Темните кругови околу очите не се предизвикани само од замор. Специјалисти од клиниката Мејо велат дека може да бидат предизвикани и од алергии
Кожата околу очите е потенка отколку на другите делови од телото, што го отежнува телото да ја „маскира“ алергиската реакција.
– Имунолошкиот систем произведува хистамини како одговор на алергиските реакции, што предизвикува проширување на крвните садови. Освен тоа, гребењето и триењето на очите придонесува за отекување на кожата. Затоа, зголемен проток на крв и воспаление поради алергии може да предизвикаат темни кругови околу очите – велат експертите.

Една од најчестите причини за темните кругови е назалната конгестија.
– Кога вашиот нос е блокиран, вените што ги поврзуваат очите и носот стануваат пошироки и потемни. Во тој случај, обидете се да вдишете солена вода и таа треба да ги намали темните кругови околу очите и да ви го отпушти носот, советуваат експертите.