НАПРАВЕТЕ САМИ ЏЕМ ОД БРУСНИЦА! (РЕЦЕПТ)

popara26 ноември, 20221min00
Screenshot_2

Малку брусници, шеќер, сок од портокал и уште неколку состојки ќе бидат доволни за да направите вкусен џем

 

 

Есента е идеално време за правење кифлички, палачинки и други задоволства, а она што најдобро одговара со нив, е секако џем од брусница.

 

А еве како да го направите:

 

СОСТОЈКИ:

  • чаша свежи брусница
  • три лажици шеќер
  • четвртина чаша вода
  • четири лажици сок од портокал
  • четвртина лажичка рендана кора од портокал
  • малку цимет

 

ПОДГОТОВКА:

Во тенџере ставете ги брусниците, шеќерот, водата, сокот и кората од портокал и малку цимет, па варете со мешање на умерена температура додека не почне да врие и шеќерот целосно се стопи. Намалете ја топлината и продолжете со динстањето со повремено мешање уште десет минути. Тргнете го од оган и истурете во претходно стерилизирани тегли.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag