ЗА НАЈНЕЖНО ЛИЦЕ! Направете 3 природни маски за намалување на порите!

popara27 ноември, 20231min00
Screenshot_7

Сите девојки и жени сакаат да имаат убава и чиста кожа на лицето, меѓутоа многу од нас мораат постојано да се борат со најразлични проблеми како проширени пори, акни и митесери кои го нарушуваат убавиот изглед и ни создаваат главоболки.

 

 

 

Во борбата против овие несакани појави на кожата можат многу да ни помогнат природни маски кои можеме сами да ги направиме дома, а даваат одлични резултати.

 

 

Маска против проширени пори на лицето со аспирин

 

Убаво изгмечете 2 таблети аспирин, да се претворат во прав, и потоа додадете 3 лажици сурутка или кисело млеко и половина лажица сок од лимон.

 

Нанесете ја маската на исчистено лице (по можност со некој природен лосион) и оставете да делува 20 минути. Измијте со ладна вода.

 

Маска од бела и лимон

 

Изматете 1 белка од јајце да добиете густа пена и потоа додадете 1 лажичка свеж сок од лимон. Нанесете на исчистено лице и оставете да делува 20 минути, а потоа измијте со ладна вода.

 

 

Маска за лице со сирење

 

Земете 1 лажица немасно иситнето сирење и измешајте со сок од краставица до густина на ретка павлака. Нанесете ја на вашето исчистено лице и оставете да делува околу 20 минути, а потоа измијте со ладна вода.

 

Се препорачува овие маски да ги ставате 3-4 пати неделно. Само по 2 недели ќе бидете пријатно изненадени од резултатите!

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma