Во борбата против вишокот килограми, луѓето често се обидуваат да најдат некаква чудотворна формула за побрзо да ослабат. Сепак, точно е дека секое пребрзо губење на тежината има здравствени последици. Затоа лекарите препорачуваат постепено слабеење.
– Чајот од нане нема калории. Има сладок вкус и значително ќе ви го намали апетитот и желбата за слатки. Покрај тоа, нането има антивирусни, антибактериски и антиинфламаторни својства и многу поволно делува на дигестивниот тракт – изјави експерт за нутриција и истакна дека позитивно влијае на расположението и ја подобрува меморијата.
Покрај горенаведените својства, нането е и одличен мускулен релаксант, односно може да ги смири мускулите и да го олесни преминувањето на храната и гасовите. Затоа чајот од нане влијае и на здравјето и на изгледот, бидејќи помага за слабеење поради силната арома која го намалува апетитот.
Покрај предностите во борбата за витка линија, чајот има и многу други предности. На пример, го ублажува стресот. Ментолот во листовите нане е одличен седатив. Затоа, доколку сакате да се опуштите навечер после работа, тогаш ќе ви помогне шолја топол чај од нане.