Старо верување: Зошто чинијата, која сте ја позајмиле од соседите, никогаш не се враќа ПРАЗНА?

popara29 ноември, 20221min00
posudje-sto-tanjir

Еве што вели овој обичај

Нашиот народ има многу убави, но и корисни обичаи. Да речеме, сигурно сте слушнале дека „чинијата никогаш не се враќа празна“. Ова е само еден од убавите обичаи кои се задржале кај нашиот народ до денес.

Приказната за овој обичај не враќа во не толку далечното минато, кога нашите соседи беа блиски како пријателите и семејството. Кога ви треба лажичка шеќер, шолја брашно или кафе, треба некој да се грижи за вашите деца, тие беа оние кои ќе ви излезат во пресрет и ќе ви помогнат без проблем.

Како функционира овој обичај во реалноста? Дошол некој сосед или роднина и ви донел чинија полна со свежо испечена пита, проја или колач. По неколку дена се сеќавате дека не сте ја вратиле чинијата, а бидејќи чинијата не се враќа празна, ќе направите некој десерт и ќе го вратите знакот на внимание. Овој обичај ги зближува соседите и роднините и гради односи полни со доверба, блискост и взаемна помош.

Исто така обичај е соседите и роднините да и носат најразлични јадења и слатки на новата снаа во првите денови од бракот. Носат полна чинија, пијат кафе и попат со новата домаќинка споделуваат и некои убави рецепти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag