Сигурно веќе ги имате сите состојки: Направете свој лек за кашлица

popara29 ноември, 20221min00
Screenshot_4

Овој природен лек од кромид помага во лекување кашлица, течење на носот, воспаление на грлото и други болести, а може да се користи и за помалите дечиња.

 

 

 

Сирупот од кромид е едноставен за подготовка, евтин и здрав. Може да се дава и на мали деца и на возрасни луѓе, пред сè поради кашлица и болки во грлото. Кај кашлицата ја намалува количината на слуз или спречува да се формира.

 

Кромидот е богат со здрави состојки, фолна киселина, калциум, фосфор, магнезиум, хром, железо, растителни влакна и јод. Основата на лековитиот успех на кромидот е тоа што содржи витамини А, Б1, Б2, Ц.

 

Ефикасно лекува анемија поради големото количество на железо, помага во намалувањето на холестерол и спречува срцев напад. Од голема корист е во борбата против настинки и сите видови инфекции. Остриот мирис прави консумирањето на сирупот да ја забрза циркулацијата, што предизвикува потење, па затоа е корисно кај настинките.

 

Покрај тоа, сирупот од кромид ја намалува температурата.

 

Рецепт за сирупот:

 

  • 1 поголема главица кромид
  • 2 до 3 лажички шеќер или мед

 

Подготовка:

 

Исечете го кромидот на помали коцки и додајте шеќер или сипете мед. Оставете да стои поклопено неколку часа. По 2 до 3 часа исцедете 4 до 5 мл од сирупот. Најдобро е секој ден да правите нов сируп за да добиете што повеќе здрави состојки. Може да додадете и ситно исецкан лук.

 

Користете 5 мл од сирупот, два до три пати дневно.