Парис Хилтон го однела сопругот на Малдиви за годишнината од бракот: Ноќевање во луксузниот хотел чини 2.500 евра

popara29 ноември, 20221min00
profimedia-0679395781-830x0

Хотелот во кој престојуваа е секако семеен хотел, дел од ланецот хотели Хилтон

 

 

 

Парис Хилтон го однела својот сопруг Картер Реум на Малдивите за годишнината од бракот и тоа во семејниот хотел, каде ноќевање чини 2.500 евра.

 

– Сум била низ целиот свет и на најубавите места, но вакво нешто никогаш не сум видела – напиша поранешната ријалити ѕвезда на Инстаграм.

 

Хотелот во кој престојуваа е секако семеен хотел, дел од ланецот хотели Хилтон.

 

 

ОБЈАВАТА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ТУКА.

 

 

Цената на ноќевање е околу 2.500 евра од ноќ.

 

– Овој приватен остров е вистински рај на земјата! Овде е толку убаво, романтично и релаксирачко! Чувството овде е како сон! „Се чувствувам многу среќна и благословена што сум тука со мојата љубов за да ја прославам нашата годишнина“, напиша таа.

 

Парис се омажи минатата година во Лос Анџелес по две години врска. Тоа беше нејзина четврта свршувачка.