
Внесувањето на витамини и минерали кои го зајакнуваат одбранбениот систем е од клучно значење
Како да се заштитите од настинки и вируси кои владеат во зима?
Внесувањето на витамини и минерали кои го зајакнуваат одбранбениот систем е од клучно значење, а најздрав начин за нивно обезбедување на организмот е преку исхраната. Па, лекарите имаат совет: две намирници за кои не би верувале дека се бомба за имунитетот – сланината и тиквата ќе направат чуда за вашето тело!
Во зима, имунитетот е загрозен
Во зима, сите сме изложени на поголем ризик за заболувањеод настинка или грип. Лекарите препорачуваат во овој период да не заборавите на превенцијата: јадете лук, пијте билни чаеви и подигнете го имунолошкиот систем на телото кој ќе ве заштити. Сепак, постои попријатен начин да го подобрите вашето здравје, вели рускиот лекар Виктор Маслењиков.
– Покрај лукот, постојат и многу други корисни намирници кои исто така ефикасно се грижат за нашето здравје. На пример, сланината и тиквата. Со умерено и редовно внесување на овие намирници ќе му направите услуга на вашето здравје, ќе се заштитите од сезонските болести – истакнува докторот.

Јадете сланина, печете тиква!
Според докторот, пожелно е да се јаде сланина секој ден за ручек, но во умерени количини – 20-30 грама е доволно. Сè што е надвор од тоа може негативно да влијае на работата на желудникот и црниот дроб. Не е неопходно да се комбинира со лук.
– Поради големото количество на арахидонска киселина, свинската маст помага во спречување на вирусни заболувања и на тој начин го зајакнува имунолошкиот систем – тврди докторот.
Што се однесува до тиквата, Маслењиков препорачува да се јаде во која било форма – варена, печена, па дури и сирова. Главната работа е да не користите масло, зачини и многу шеќер во процесот на подготовката
– Тиквата содржи огромно количество каротеноиди и елементи во трагови, кои во голема мера го зајакнуваат имунолошкиот систем. Затоа, колку почесто ја јадете, толку подобро ќе ви биде здравјето – нагласува Маслењиков и сепак ги предупредува кардиоваскуларните пациенти како и оние со дијабетес да внимаваат на овие две намирници бидејќи можат да им наштетат.