
Актерот Џејсон Момоа (43), чија брада е негов заштитен знак, предизвика хаос на мрежите бидејќи на Твитер се појави негова фотографија која стана вирална. Актерот по кој жените губат глава покажа како изгледа без брада и многумина останаа разочарани.
Еден од најпосакуваните мажи на денешницата покажа како изгледа без брада и мора да признаете дека разликата е огромна.
– Однапред им се извинувам на сите жени – пишуваше заедно со овој интересен колаж кој најдобро сведочи за тоа колку брадата може да го промени изгледот на мажот.

Многумина се согласија дека Џејсон без брада не е истиот маж кој ги шармираше жените ширум светот.
Во последните недели актерот привлекува големо внимание бидејќи се соблече гол на програма во живо, а воедно на Инстаграм промовираше необична долна облека која повеќе открива отколку што покрива.