Некои работи во кујната ги користиме со години без воопшто да сфатиме дека и тие имаат рок на траење. Речиси сите имаме јадења кои сме ги наследиле од нашите баби или мајки кои самите ги користиме секојдневно.
Сепак, важно е да се знае дека заради здравјето, како и нивната функционалност, мора редовно да ги обновуваме овие кујнски садови. Овие четири работи имаат рок на траење на кој треба да внимавате.
Ножевите треба да се менуваат на секои две години или ако се скршени, ‘рѓосани и нема повеќе смисла да се острат. Продолжете го нивниот рок на траење така што ќе ги острите еднаш неделно.
Тефлонски садови
Тефлонските садови треба да се менуваат на секои две до три години. Кога ќе се појават гребнатини и тефлонот ќе почне да се „лупи“, а миењето на остатоците од храната станува вистински мал кошмар, време е да купите нови. Продолжете го нивниот рок на траење со тоа што тенџерињата ќе ги закачите исправено или ставете салфетка меѓу нив ако ги редите едно врз друго.
Пластични даски за сечење
Пластичните даски за сечење треба да се менуваат секоја година или откако ќе останат видливи траги од нож. Најдобро би било да имате различни даски за месо и зеленчук, за да го намалите ризикот од труење со салмонела или некои други опасни бактерии.
Дрвени лажици
Тие се многу практични и денес можеме да ги видиме во секоја кујна. Сепак, треба да знаете кога е време да купите нови. Менувајте ги на секои три години или кога ќе забележите дека се оштетени. Испуканите лажици се вистински мал рај за развој на опасната бактерија ешерихија коли.