Како да одбиете некого, а да не им ги повредите чувствата?

popara1 декември, 20221min00
udvaranje-830x0

Сите сме биле во ситуација кога личноста која ни се допаѓа не отфрлила. Може да биде многу тешко, но не треба да заборавиме колку може да му биде тешко и на некој друг кога не реагираме позитивно на неговите/нејзините чувства.

Дали постои фер начин да одбиете некого? Експертите за врски не потсетуваат дека асертивниот начин на комуникација е секогаш добредојден, дури и во непријатни ситуации како оваа.

Кога е време да му кажете на некого дека не ви се допаѓа, можеби мислите дека е во ред да кажете што било освен онаа позната реплика: „Јас не сум за тебе“. Но, како што пишува „TheList“, оваа реченица е она што треба да го кажете.

Ако на пример сте излегле со некој кој се обидел да ве освои, но цело време тој зборувал само за себе, а сте сфатиле дека така ќе се однесува и во иднина, не му давајте лажна надеж. Наместо тоа, испратете јасна порака:

„Добро си поминавме, но мислам дека нема да направиме добар пар. Ти посакувам се најдобро.”

Бидете јасни и љубезни, не двоумете се и не губете време на „другата страна“. Не заборавајте дека не би сакале некој да ви ги „украде“ деновите, неделите и месеците, оставајќи ве „ни на небо, ни на земја“.

Ако, пак, случајно ве покани на состанок некој што воопшто не ве интересира, „Гламур“ ве советува и вие да бидете директни, но не и сурови:

„Ценам што бараш да се видиме, но ништо не ме интересира на темата емотивни врски“.

Но, често се случува заинтересираниот да биде упорен и да не зема „не“ за одговор. Што да се прави во таа ситуација, а да не се повредат чувствата на „другата страна“?

Само бидете упорни и одлучни, велат на веб-страницата „Hellorelish“. Со тоа што некому ќе му кажете „не“, не сте направиле ништо лошо.

Останете доследни, и како што Лиза Џонс пишува за Magnoful, има голем број причини зошто мажите нема лесно да се откажат. Секоја од овие причини е дополнителна потврда дека не треба да се повлечете и да потклекнете.

Почитувањето на границите во меѓучовечките односи, како и учтивоста да се одбие нешто или некого, се подеднакво важни во семејството, пријателството и работата, како и на потенцијално романтично поле.