Совршени се за појадок или вечера
Доколку барате брзо решение за појадок или вечера, имаме одличен предлог.
Стутканите пити со спанаќ и сирење сигурно ќе го воодушеват вашето семејство.
Вкусот е фантастичен, а подготовката не е комплицирана.
Пробајте и уверете се сами!
Состојки:
1/2 пакување потенки кори
200 гр сирење
малку замрзнат спанаќ
1/2 прашок за пециво
2 јајца
Подготовка:
Поделете ги корите на половина. Издробете го сирењето во сад, додајте ги јајцата и прашокот за пециво, па поделете ја смесата на половина, во едниот дел додадете го спанаќот.
Една исечена кора премачкајте со смесата, па додадете друга и премачкајте со масло. Едната кора премачкајте ја со фил од сирење или спанаќ.
Полека виткајте и гужвајте, свиткајте ги краевите навнатре и наредете во плех.
Ако остане фил, прелијте го. Се пече на 200 степени околу 30-40 минути.
Погледнете го упатството за подготовка чекор по чекор: