Грешка што ја прават сите кога додаваат лук во јадењето: Ова го прави горчлив и тешко сварлив

popara1 декември, 20221min00
4a0e7917c709b15f0f42f78b0c29d65557f25bc4

Лукот е незаменлив додаток на многу јадења

Тој е една од омилените намирници на луѓето од овие простори, поради што многумина го додаваат во различни јадења. Но, главното правило кое секогаш треба да го имате на ум е дека лукот се додава кон крајот на подготовката на јадењето.

Пржењето лук на самиот почеток на подготовката се претпочита кога се подготвуваат мал број јадења, како што е спанаќот. Но, и тогаш не смеете да ставате лук во врело масло бидејќи многу брзо ќе изгори. Така станува горчлив и тешко сварлив.

Температурата долго се одржува на високо ниво во тавче со подебело дно, па кога додавате лук, тавчето тргнете го од шпоретот штом лукот порумени.

Лукот е моќна намирница која може да помогне при слабеење, а има и лековити својства.