
Додека ги очекуваме студените зимски денови и првиот снег во градот, ви ги претставуваме актуелните трендови во капите за понежниот пол.
1. Волнена беретка
Класична беретка од природен материјал е „must have“ оваа сезона. Францускиот шарм доминира на улиците на нашиот град, па ако по природа сте романтична душа и сакате едноставни модни додатоци и класици, никогаш нема да погрешите со беретка.

2. Морнарска капа
Морнарска капа со тврд врв совршено се вклопува со едноставни и класични парчиња облека.

3. Капа од вештачко крзно
Капата во теди стил носи одредено ниво на разиграност, па можете да ја комбинирате со меки парчиња, спортски јакни, но и со сериозни женски капути. Исклучително е топла и романтична.

4. Турбан во стилот на Големиот Гетсби
Модата од дваесеттите и триесеттите години на минатиот век останува вечна инспирација за дизајнерите. Иако светките често може да изгледаат киче, тоа не е случај овде.

5. Бакет капа од вештачко крзно
Феноменална во комбинација со кожени палта и авијатичарски јакни кои се актуелни и оваа сезона.
