
За нив совет е да ги прифатат промените и да научат да чекаат бидејќи тоа што е нивно самото ќе им дојде.
Бик
Биковите се први на листата. Целата година беше исклучително напорна и стресна за вас. Најмногу поради промените, а најмногу ги имавте, како на семејно, така и на љубовно и на деловно поле. Ѕвездите не можат да ве направат среќни, бидејќи до крајот на 2022 година ве очекува уште еден шок од промени! Но, веќе од средината на јануари ќе земете здив и полека работите ќе си дојдат на свое место.
Јарец
Јарците имаа предизвикувачка година, најмногу на љубовно поле. Во кариерата сте имале мали падови кои не ви пречеле и не ве вознемирувале. Вие го држите тој дел од животот во ваши раце. Но, љубовта ве прави немирни. Враќање на минати партнери, враќање во времето, сето тоа на некој начин е кармички печат. Полека завршувате со нив и свесни сте дека нема што да барате таму. Но, вашиот страв се зголемува, стравот од емоционална осаменост. Затоа не избрзувајте и влегувајте во врски кои не ве исполнуваат, туку застанете и верувајте дека тоа што ви припаѓа, ќе дојде кај вас! Во тоа ќе ве убеди 2023 година, а на вас е да и дадете шанса и да и верувате!