
На платформата Нетфликс се појави експлозивниот трејлер за документарниот серијал за Меган Маркл и принцот Хари кој чинеше 100 милиони долари. Двојката сподели интензивно лична колекција од досега невидени фотографии, вклучително и неколку фотографии од војвотката во солзи.
Како навестување за понатамошни напади врз кралското семејство, се слуша дека Хари вели: „Никој не гледа што се случува зад затворени врати“ непосредно пред да се појави слика на Меган како ја држи главата во рацете додека зборува на телефон.
На друга фотографија, Меган (41) се гледа како седи до Хари (38) на софата, додека војвотката ги држи двете раце кон нејзиното лице додека тој изгледа огорчен.
Другите црно-бели снимки даваат интимна слика од животот на двојката, а вклучуваат Меган како го држи своето бебе, Хари свири на гитара, парот како танцува на нивната свадба и камените лица на Вилијам и Кејт, пишува Дејли мејл.
Како што објави Нетфликс, серијата доаѓа наскоро.
Дотогаш, погледнете го трејлерот: