НЕОДОЛИВО ВКУСНА ПИТА СО ТИКВА: Нискокалорична и се препорачува за добро варење!

popara2 декември, 20221min00
170569_profimedia0312675277_ls

Пита со тиква и ореви ќе ве маѓепса со својот феноменален вкус, а освен тоа одлично ќе ве засити. Не треба да се грижите за калориите, бидејќи се препорачува, дури и за дијабетичари, дебели луѓе, како и за луѓе кои имаат проблеми со варењето и желудникот.

Исто така, подготовката на ова фантастично посно задоволство нема да одземе многу време, бидејќи процесот на подготовка е многу едноставен. А може да помогне и во регулирањето на варењето поради високата содржина на целулоза и пектин во неговите состојки.

Потребни состојки:

500 гр кори
500 гр рендана тиква
100 гр мелени ореви
100 гр шеќер
1 ванилин шеќер
минерална вода
масло
цимет
шеќер во прав

Како се прави?

Првата кора попрскајте ја со минерална вода и посипете со шеќер. Врз неа ставете ја втората кора, па посипете ја со шеќер и мелените ореви. Третата кора попрскајте ја со вода, па посипете со шеќер, тиква, ванилин шеќер, ореви и цимет. Потоа завиткајте ја во ролат и ставете во плех за печење. Повторете ја истата постапка додека не го потрошите целиот материјал.

Попрскајте ја питата со вода и масло, а потоа печете ја во загреана рерна на 200 степени околу половина час, додека не порумени. Откако ќе ја извадите од рерна, оставете малку да се излади, посипете ја со шеќер во прав и уживајте во прекрасниот мирис и вкус.