Без вклучување на рерната и губење време: Брзи султан ролнички или слатки сарми (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

popara2 декември, 20221min00
sultan-sarme

Одлична можност да пробате нешто поинакво

Состојки:

180 гр бисквити (може и посни бисквити)

60 гр какао во прав

За филот:

1 литар млеко (соино ако е посна верзија)

100 гр брашно

120 гр шеќер

20 гр путер (или посен маргарин)

80 гр чоколадо (или посно чоколадо)

Повеќе:

200 мл слатка павлака (може и посна)

2 лажици шеќер

1 лажица какао

Подготовка:

Изблендирајте го бисквитот, па додадете го какаото и измешајте. Истурете во тава и израмнете. Во тенџере истурете ги млекото, какаото, брашното и шеќерот. Добро измешајте, па процедете да не останат грутчиња. Додадете путер или посен маргарин и варете со постојано мешање додека не се згусне. Потоа тргнете од оган, додадете го чоколадото и мешајте додека не се соедини.

Може да матите и со рачен миксер за да нема грутчиња, бидејќи треба да добиете мазна смеса. Потоа прелијте ја врз бисквитната основа. Добро израмнете, па оставете да се излади на собна температура, па во фрижидер 2 часа. Слатката павлака (или посна слатка павлака) изматете ја со какаото и шеќерот, па премачкајте ја преку филот. Исечете ленти и завиткајте со шпатула.

Пријатно!