Вашата кожа ќе биде сјајна и мека
Сувото лице и чувството на затегнатост ќе станат минато кога маската за хидратација на лице ќе си ја заврши работата. Научете како природно да го хидрирате вашето лице.
Дали некогаш ви се случило да ви се исуши кожата на лицето толку многу што просто моли да нанесете нешто на неа? А потоа ја ставате кремата и во зависност од изборот што сте го направиле, се случува ова: час или два, лицето е сјајно, а потоа кожата впива сè и сè се враќа во првобитната состојба.
Нанесувате нешто премногу мрсно, од кое светите цел ден, и на крај само едно чувство на непријатност сте замениле со друго.
Бадеми и розова вода како хидратантна маска за лице
Еве една маска за која треба малку подолго да се подготви, но трудот на крајот се исплати. Кога ќе ја извадите, вашето лице веднаш ќе се освежи и ќе се препороди.
Бадемите треба да ги потопите преку ноќ во млеко за да омекнат. Наутро сомелете ги во најфина паста и додадете малку розова вода. Нанесете ја смесата на лицето и оставете да делува додека не се исуши. После тоа, исплакнете. Резултатот ќе ве воодушеви.
Бадемите се добра опција бидејќи содржат витамин Е, кој е исклучително важен за здрава кожа и ја штити кожата од слободните радикали.