Топлата купка која трае еден час има ефект врз телото многу слично на тренингот, тврдат експертите, а пренесува „Дејли мејл“.
Истражувањето било спроведено со мажи со прекумерна тежина, кои воделе претежно „седечки“ начин на живот, без многу физичка активност. Примероците од крвта им биле земени пред и по капење во вода со температура од 38 Целзиусови степени. Нивните витални функции биле следени на секои 15 минути.
Откриено е дека само едно капење во топла вода го подига нивото на супстанцијата ИЛ-6, одговорна за воспаленија, што го принудува телото да реагира со ослободување на антиинфламаторни супстанции. Нивото на шеќер и инсулин во крвта исто така паднало.
– Топлите купки се изненадувачки ефикасни во борбата против воспалителните процеси, високиот притисок или покачениот шеќер. Можно е да има значајна улога во лекувањето на метаболичкото здравје на пациентите кои не се во можност да вежбаат редовно и затоа имаат одредени заболувања – вели авторот на студијата Свен Хоекстра од Универзитетот Лафборо.