Чајот од РУЗМАРИН може да ви помогне при многу здравствени проблеми: Напиток идеален за ревматизам, надуеност и варење

popara2 декември, 20221min00
676

Рузмаринот е лековито и зачинско растение, а чајот од рузмарин се користи за ублажување на бројни тегоби. Тука спаѓаат, пред сè, дигестивни проблеми (надуеност, бавно варење), потоа ревматски проблеми, како и проблеми со жолчката.

Рузмаринот го поттикнува излачувањето на урината и позитивно делува на црниот дроб, а ефикасен е и против бактерии и габи. Овој чај особено се препорачува за деца кај кои е дијагностицирана анемија, како и поради недостаток на апетит.

Се покажало дека чајот од рузмарин позитивно влијае и на циркулацијата, па затоа се советуваат да го консумираат и жените кои имаат проблеми со менструални болки, но и со отсуство на менструација.

Ова растение го зголемува притисокот, а воедно овозможува подобра концентрација и меморија. Одредени студии покажале дека многу позитивно влијае на мозокот и го зајакнува имунитетот.

Се препорачува да се пијат по две шолји чај од рузмарин дневно, но бремените и доилките се советуваат да го избегнуваат.

Секогаш кога е можно, се советува да изберете свеж рузмарин наместо сушен, бидејќи е побогат со вкус и арома. Пред варењето, измијте го рузмаринот под млаз вода и исушете го.

Во повеќето рецепти потребни се иглички од рузмарин кои можете да ги отстраните од гранчето со едноставно движење на раката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag