
Бројни истражувања покажале дека цвеклото е од голема помош за намалување на крвниот притисок бидејќи е богато со нитрати кои во организмот се претвораат во азотен оксид, а помага и за опуштање и проширување на крвните садови, а со тоа го намалува крвниот притисок и го спречува развојот на хипертензија.
Истражувањето на Британската фондација за срце покажа дека пиењето по една чаша сок од цвекло секој ден може да го намали крвниот притисок кај луѓето со хипертензија, дури и ако таа не е успешно контролирана со лекови.
Добро е и за бремени жени
Поради високата содржина на фолна киселина, која игра клучна улога во спречувањето на оштетување на крвните садови, редовното консумирање на цвекло може да го намали ризикот од срцев и мозочен удар. Благодарение на изобилството на фолати, цвеклото е пожелна храна и за трудниците бидејќи го спречува развојот на фетални дефекти.
Здравје на цревата
Помага и за подобрување на варењето бидејќи е еден од најбогатите извори на глутамин, аминокиселина неопходна за здравјето на цревата, а богато е и со влакна кои ја подобруваат нивната работа. Овој сладок зеленчук може да биде многу корисен за оние кои се обидуваат да ослабат бидејќи се состои од 90 проценти вода и содржи малку калории. Поради значителната количина на железо и витамин Ц, кои ја подобруваат неговата апсорпција, цвеклото е одлично за ублажување и спречување на анемија.
Понатаму, комбинацијата на витамин Ц и витамини од Б-групата го зајакнува нашиот природен имунитет и ги ублажува симптомите на астма и делува како добра превенција за респираторни проблеми. Цвеклото е познато и како „природен допинг“ бидејќи е моќен извор на енергија и повторно благодарение на нитратите може да ја зголеми физичката издржливост.